Иако темава веќе од по одамна е присутна меѓу народот , во овој период е некако нај активирана досега. Уште пред неколку години луѓето сфатија дека ЕУ е корумпирана и дека со таквиот начин на функционирање кога тогаш ќе падне. Еврото почна да паѓа и во моментов многумина го опишуваат како џин на стаклени нозе кој нема долго да издржи , а луѓето почнаа да си ги повлекуваат парите во евра од банките што дополнително го усложнува проблемот. Некакви особени надежи не гледам ниту кај антикризните мерки кои се донесоа, бидејќи се задоцнети и не гарантираат подобрување на состојбата. Ќе дојде ден кога германците и французите ќе си ги бараат тие средства назад , а што ќе се случи ако должниците не успеат да ги вратат. Ќе треба да се конфискува земјиште ( мерка со која ретко кој ќе се помири ) па по автоматизам на тоа треба да следува војна.. Прашањето е каде се наоѓаме ние во целава оваа ситуација ? Дали сепак беше подобро што не влеговме во ЕУ и какви се можните последици врз економски и политички план кои ќе произлезат од овие реформи и трансформации? Според мое мислење ние не сме ни во ќар ни во загуба од тоа што не влеговме во ЕУ ( под уставно име ). Доброто што не влеговме е тоа што сега немаше да бидеме дел од бродот кој паѓа , но лошо е тоа што сепак можевме да искористиме одредени финансиски средства со добар изработен проект план кој гарантира успешно враќање на каматата. Добра беше идејата за Швајцарија на балканот ама тоа не се станува така лесно. Швајцарија е вештачка држава создадена за интересите на други држави кои ја управуваат нели.. па така не само од нас туку и од големите сили ќе зависи дали ние имаме потенцијал да бидеме еден амортизер за апетите на нашите соседи или пак мета на нивните експанзионистички претензии ( помалку веројатна опција бидејќи војна со Македонија не им е приоритет ) . Мислам дека треба да следува мал ренесансен период за нашава држава , да се води добра економска стратегија во време на монетарна војна , да се инвестира во образование, технологија и да се создаде добра бизнис клима. Толку од мене , оставам простор за понатамошна дискусија
Европската Унија моментално како што функционира нема никакви шанси да опстана и мора да се распадне.Се докажа дека одредени земји членки ја злоупотребуваат ЕУ со тоа што неконтролирано се задолжуваат а кога треба да ги вратат парите бараат помош од останатите членки(нешто дојде слично како жиранти).Ако не се формира Европско тело (или нешто слично)кое што ќе врши контрола на задолжувањето на земјите членки (се разбира и со можни санкции)тогаш ЕУ нема шанси да функционира.За нас е добро Грција да ја напушти ЕУ и тогаш нас ќе не примат експресно брзо без никакви услови.
Еу како прво не е институција, туку е составена од институции (Совет на Еу, Европски парламент ...) .... Исто така многу важно е да се сфати дека основната цел на функционирањето на Еу и нејзиното создавање е економска соработка и интеграција помеѓу земјите членки ... Малку подобро запознаените со функционирањето на Еу би требало да знаат дека економското развивање на Еу се одвива од самиот почеток во неколку фази од кои првата е царинска унија, а последната е сегашната, економска и монетарна унија ... Тоа означува дека Еу започнала да се развива како Унија во која прво немало царини помеѓу нејзините земји членки, за денес да заврши како Унија која во која има слободно движење на услуги, стоки и капитал и што е најважно има парична единица - Еврото. Е сеа за да извеземе или увеземе нешто од Еу, ние автоматски плаќаме царини кои ти меѓусебе ги немаат, со што многу кратно се зголемува цената на услугата/стоката која ја извезуваме/увезуваме од Еу ... Па според тоа вие отценете дали ние сме поконкурентни и имаме поефтини цени на стоките и услугите ако сме член на Унијата или ако сме надвор од неа? ....
Институција реков онака фигуративно , но еве да не дојде до забуни ќе го тргнам тоа. Како и да е , ова што го спомена за царината е една од предностите на Европска Унија и можеби најголемата причина поради која Македонија би требало да влезе во неа, бидејќи нели значително ќе се олесни меѓународната размена . Тука би ја ставил и придобивката на Шенген зоната , патување без поголеми потешкотии и сложени процедури. Но една од најкритичните точки на унијата излезе дека е лошиот начин на регулирање и поставување на економската политика. Унијата мора да има преглед за тоа колку троши секоја држава , колкави се нејзините можноси да прими европски кредити и да ги користи европските фондови и дали истите ќе може да ги врати. Иако можеби постои некаква анализа за тоа која држава колку придонесува и врз основа на тоа да прими дополнителни средства се покажа дека таквите анализи или мерки потфрлиле. Како може на една Грција која до сега 7 пати банкротирала ( не ме фаќајте за збор ) упорно да и се даваат дополнителни кредити и другите да работат за неа. По се изгледа дека економијата на една држава може да ја уништи економијата на целата унија , доста логичен факт ако пред тоа не се интервенирало. И што се случи сега , некои држави ги изгубија своите поволности бидејќи тие отидоа да се спасуваат пропаднатите економии на 5-6 влади. Но мене ми се чини дека зад ова сценарио стојат и се поврзани повеќе луѓе , тоа не испаднало од контрола така одненадеж. Тие што фрлаат најмногу пари не ги фрлаат како да биде и сигурно ќе сакаат да знаат каде одат и како се трошат , во овој случај германците и французите. Ќе дојде ред кога ќе си ги побараат назад и кога другиве ќе неможат да ги вратат следуваат само две работи , давање на сопственост под хипотека или војна. Слично како и последнава криза во САД што беше со банките на браќата Леман , Морганови и т.н.
глупост е да се верува деека ке не примат под европското сонце та нели си имаме ние наше сонце мислам дека европската унија тоне пополека ама тоне сигорно и во тој случај најаките држави како германија,франција ,британија ке се свртат кон богатата русија која е богата со рудни богаства и минерали и голем пазар е, нато би ја изгубил својата воено политичка мок бидејки се знае дека главен во нато е вујко сем оправдано е да се очекува да настапи и поголема криза внатре во европскиот монетарен систем посебно кога се виде дека со сите сретсва се спасува грција само да е тааа во прашанје и ирска ,италија,португалија и други држави се во голема криза и прашање на време кога и тие ке пукнат само тогаш ке биде босански дрнч многу поголем ние треба да се орентираме кон азискиот пазар и големата русија в иднина таму ке биде поисплатливо за извоз на производи мислам дека во европа е губење време да чекаме да ни дадат рок за преговори само нашите политичари се толку бистри или така им одговара на американците да тропаме како питачи за да ни дадат рок за пристапување можеби во2020 викам можеби
Факт е дека Европската Унија е во длабока криза. факт е и дека нејзината иднина е неизвесна. Можеби ќе опстои. Ако не се распадне, мислам дека ќе има промени во начинот на кој таа ќе функционира. И сега е јасно дека има повеќе и помалку привилегирани членки и јас не можам да замислам како тој процес на евентуално влегување и функционирање во ЕУ ќе се одрази врз нас. Затоа што сепак се работи за процес, ако влеземе не значи дека нема да знаеме што да правиме со високите плати и огромниот буџет . Покрај придобивките има и обврски, услови и веројатно тие нема да имаат само поволен ефект врз македонската економија. Што се однесува до слободните патувања, тоа секако е предност, ама јас не мислам дека народецов веднаш ќе се загне да шета и да тера шопинг во западна Европа. Оние што сакаат да си одат од земјава за долги години или доживотно и сега го прават тоа помалку или повеќе лесно. На кратко, сметам дека е добро да се види што е што во ЕУ, како си поминуваат Бугарија и Романија (наскоро и Хрватска) и да се сфати дека овие земји се поголеми, побројни и со самото тоа со поголем економски потенцијал од нашиот (башка и излез на море имаат, а тоа не се потценува). Ако народот таму е пресреќен, ако стандардот им е покачен и економијата им се развива, зошто да не. Ама глупо би било, ако со влезот во ЕУ ќе треба да ги преземеме и долговите на Грција, Португалија или Шпанија. Да не испадне на крајот и ние да ги вадиме Грците од гомната
Јас лично мислам дека треба да ја заборавиме ЕУ и сите сили да ги насочиме кон економски развој на земјата.